
УЕФА од 2028 година ќе ја прошири завршницата на Европското првенство со 32 фудбалски селекции. Ова е планот на Европската куќа на фудбалот кој треба многу брзо да биде и официјално потврден од претседателот Александер Чеферин и неговите најблиски соработници. Тоа секако ќе и понуди огромна шанса на Македонија во иднина да стане редовен учесник на европските првенства.
Доколку ова се оствари, тогаш 32 национални селекции од вкупно 55 земји членки на УЕФА ќе добијат можност да бидат дел од ЕВРО 2028. Ова од една страна ќе ја подигне популарноста на фудбалот во секоја пора од Европа, но од друга страна сигурно дека квалитетот на Европското првенство ќе биде разводнет.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski