
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека неговиот тим заслужил да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај послабата реализација на шансите на реваншот против Интер. Ливерпул синоќа на „Енфилд“ загуби од Интер со 0-1, но се пласираше во четвртфиналето откако победи со 2-0 на првиот меч во Италија.
„Уметноста на фудбалот е да губиш вистински натпревари. Го мразам тоа, но ако има еден натпревар каде што можеме да си дозволиме да загубиме, тоа е овој, бидејќи главната цел на ова натпреварувањето е да продолжиме понатаму. Не е дека јас сум воодушевен, но среќен сум што се пласиравме понатаму и мислам дека го заслуживме тоа“, изјави Клоп.
Стрелец на единствениот гол за Интер беше Лаутаро Мартинез во 62. минута, а Ливерпул ја прекина серијата од седум победи во Европа.
Ливерпул беше поразен по речиси една година на „Енфилд“, по серија од 28 натпревари, во кои беа остварени 21 победа со седум нерешени средби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Шешко ќе избира меѓу Њукасл и Манчестер Јунајтед

Евро-фудбал
Интер постави ултиматум за трансферот на Лукман
