Наполи вечерва го пречекува Милан во дербито на колото во Серија А кое може да го одреди и текот на првенството и битката за шампионската титула. Двете екипи имаат само бод помалку од лидерот Интер, а пресметката на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол може да биде и клучна од неколку аспекти.
Тренерот на „наполитанците“, Лучијано Спалети, верува дека Елиф Елмас може да одигра многу важна улога и на овој дуел, со оглед дека е веќе значајна алка во составот. Тој вели дека Елмас е супер интелигентен фудбалер кој храбро влегува и во „жешката зона“ на противникот.
„Елмас е офанзивен играч за врска, кој може да биде и „скриен напаѓач“, фудбалер кој е одлучен кога ќе дојде во „жешката зона“ на противникот. Тој е многу интелигентно момче, кој разбира се и што е многу важно, никогаш и не го заборава. Пред него е голема иднина“, изјави Спалети.
Елиф Елмас е најавен во стартниот тим на Наполи за вечерашното дерби со „росонерите“ во Неапол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













