Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е во потрага по нов менаџер, но нема да биде изненадување доколку Ралф Рангник остане на оваа позиција и следната сезона. Тој е доведен како привремено решение, но доколку не биде пронајден вистинскиот човек, можеби Германецот ќе остане на кормилото.
„Немам идеја дали тоа ќе се случи. Тука сум до крајот на сезоната и најважно е да се развијат младите играчи. Имав една или две средби со шефовите. Не зборувавме премногу за новиот менаџер“, изјави Рангник.
Очигледно, Манчестер Јунајтед се уште не размислува за човек кој треба да го преземе клубот за три месеци, па нема да биде изненадување доколку Рангник на крајот остане на оваа позиција.
Манчестер Јунајтед моментно е на четвртото место во Премиер – лигата со 47 бода, а негови следбеници се Вест Хем и Арсенал со по 45 бода и Тотенхем со 42.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













