Холандскиот гигант Ајакс се спогоди со семејството на својот поранешен играч за врска Абделхак Нури, кој претрпе оштетување на мозокот по срцев удар на теренот во 2017 година и ќе исплати 7,85 милиони евра. Нури доживеа срцев удар за време на претсезонскиот натпревар против Вердер во Австрија во летото 2017 година и претрпе сериозно оштетување на мозокот и покрај реанимацијата на теренот и брзиот трансфер во болница.
Ајакс призна дека помошта на играчот на теренот не била соодветна и презеде одговорност за последиците.
„Јасно ни е дека страдањата за Абделхак и неговите најблиски не се завршени. Ова е многу тажна ситуација за нас и во Ајакс. Го почитуваме начинот на кој семејството се грижи за Абделхак, а кога ќе го посетиме, неговите семејството не пречекува со раширени раце“, изјави генералниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар.
Ајакс продолжи да му плаќа на Нури и откако стана јасно дека тој нема да може да ја продолжи кариерата до март 2020 година, кога му беше раскинат договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













