
Јуве во петок, Милан и Рома во сабота, Интер, Аталанта и Лацио во недела, а Наполи в понеделник. Ниту една од овие екипи не победи во 26. коло во Серија А кое слободно може да се прогласи како „најлудо“ во последните неколку децении. Не победи ниту една од првите шест екипи.
Ништо значајно не е сменето на табелата, Милан, Јуве, Лацио и Наполи освоија по еден бод, а Интер и Аталанта беа поразени од Сасуоло и од Фиорентина.
Наполи синоќа беше неубедлив, тешко стигнуваше до противничкиот шеснаесетник, а на крајот се спаси од пораз.
„Наполитанците“ останаа на делба на второто и третото место со Интер со 54 бодови, но имаат и меч повеќе. Вечерва, Болоња со пресврт ја совлада Специја со 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
