На италијанскиот репрезентативец Марко Верати му се заканува казна за интервјуто што го даде за „Канал +“ веднаш по натпреварот на Пари Сен Жермен против Нант. Неговиот тим загуби со 1-3, а играчот од средниот ред беше нервозен од одлуките на судијата Микаел Лесаж.
„За вакви одлуки некој мора да преземе одговорност“, изјави Верати.
Етичкиот комитет на Француската фудбалска федерација го упати предметот за интервјуто на Дисциплинската комисија на Лига 1 и сега ќе се разговара за евентуална санкција која би можела да достигне и суспензија од 3 до 5 натпревари.
„Како е можно овој арбитар да ни покаже 10 карти (всушност 6)?!“ додаде Верати. „Не можевме ни да разговараме со него, ништо не можеше да се направи. Ова е единствениот судија во светот со кого не може да се зборува“, дополни италијанскиот фудбалер.
Парижаните веруваа дека противничкиот дефанзивец Денис Апија заслужи да биде исклучен. Во самиот финиш на првото полувреме, играчот на Нант на работ од шеснаесетникот го задржа Килијан Мбапе. Во првиот момент судијата покажа директен црвен картон, но по прегледот на ВАР – снимката одлучи дека не сопре шанса за гол и го смени картонот во жолт, а Апија остана на теренот.
Дефанзивецот подоцна направи уште еден тежок прекршок, но не доби второ официјално предупредување.
Marco Verratti: " We were shit on by the referees ".#FCNPSG #Verratipic.twitter.com/JXlfNndPJm
— EhsaN (@EhsaN_PSG) February 20, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













