Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората, пред натпреварот со Вилјареал во Лигата на шампионите зборуваше за пропаднатиот трансфер во Барселона. Кога веќе се знаеше дека Душан Влаховиќ ќе пристигне во Торино, раководството на клубот работеше на заминување на Алваро Мората, односно раскинување на неговата позајмица од Атлетико Мадрид.
Барселона беше многу заинтересирана за него, но поради финансиски тешкотии не успеа да го ангажира.
„Во моментов не е важно. Имав состанок со Алегри по повод понудата на Барселона, а тој ми кажа дека доаѓањето на Влаховиќ ќе ми помогне, што се покажа како точно. Моментно сум среќен во Јувентус и се прашувам кога би останал овде засекогаш“, изјави Мората.
Во меѓувреме Барса го донесе Пјер-Емерик Обамејанг, кој може да ги покрие двете крилни позиции, но и во шпицот на нападот.
Кога станува збор за Мората, тој и Влаховиќ се напаѓачки тандем откако српскиот фудбалер пристигна на „Алијанц“ стадионот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













