Јувентус е подготвен да му понуди на Пауло Дибала нова соработка со договорените услови од октомври минатата година, но под услов неговиот менаџер да се откаже од поголемиот дел од провизијата, објавија италијанските медиуми.
Во октомври беше договорено продолжување на договорот според кое Дибала би имал годишна плата од 8 милиони евра, плус два до три милиони евра во облик на бонуси.
Но, тогаш Јувентус, делумно поради честите проблеми со повредите и осцилациите во формата на фудбалерот, му понуди договор со значително помала плата. Ова го налути аргентинскиот напаѓач чиј договор истекува во јуни и може да го напушти клубот без обештетување.
Сега Јувентус повторно ги понуди истите услови како во октомври, но под услов неговиот менаџер да се откаже од поголемиот дел од провизијата. Јувентус се надева дека ќе дојде до раздор меѓу Дибала и менаџерот и дека желбата на Дибала да остане во торинскиот клуб ќе надвладее.
Дибала е во Јувентус од летото 2015 година кога пристигна од Палермо во трансфер вреден 41 милион евра. На 281 натпревар за Јуве, тој постигна 112 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













