
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед мака мачи со стоперите. Познато е дека капитенот на тимот Хари Мегваер се соочува со критики од јавноста поради слабите игри, па речиси е сигурно дека „црвените ѓаволи“ ќе бараат нови решенија за одбраната.
Според англиските медиуми, голема желба на клубот од „Олд Трафорд“ е новата ѕвезда на Монако, Беноа Бадијашил.
Во 2020 година, Јунајтед испрати понуда до Монако за младиот стопер, понуди 22 милиони фунти, но „кнезовите“ тоа не го прифатија.
Оваа зима во игра за потписот на Бадијашил се вклучија Вест Хем и Њукасл, но трансферот не се реализираше, бидејќи клубовите понудија помалку од 30 милиони фунти.
Фудбалерот има договор со Монако до 2024 година, а клубот нема да го продаде за помалку од 40 милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
