
Ситуацијата во Јувентус е критична, имаат силни проблеми со повредите пред дуелот против Вилјареал во вторник во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Тоа што беше видливо против Торино се уште го мачи Алегри, практично има само еден стопер подготвен, Матијс де Лихт.
Кјелини дефинитивно е надвор од тимот, не сака да ризикува и со Бонучи, а Ругани ќе остане на клупата. Тоа му остава само едно решение, Данило да игра како стопер, Бразилецот го пропушти мечот против Торино поради картон. Десно ќе биде Квадрадо, лево најверојатно Де Шилјо, а проблем е новата повреда на Дибала.
Аргентинецот чувствуваше болка, беше заменет, повредата не е од потешка по природа, но и со него не вреди да се ризикува затоа што би можел да ја влоши повредата.
Алегри најверојатно ќе го засили средниот ред, нема многу решенија во офанзивата, Бернардески и Киеза се повредени, единствени се Мората и Влаховиќ, па ќе ја модифицира формацијата. Со ова се намалуваат шансите на Јувентус за пласман во четвртфиналето, но, сепак, има и реванш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
