Connect with us

Интер го продолжи договорот и со Бепе Марота

Интер и официјално ги продолжи договорите на своите тројца водечки директори – Џузепе Марота, Пјеро Аусилио и Дарио Бачин, соопштија од клубот. Нивните нови договори важат до летото 2025 година. Марота е извршен директор, Аусилио е главен спортски директор, а Бачин е негов заменик.


Марота одигра клучна улога во подемот на Интер во последните неколку години откако му се приклучи на клубот во декември 2018 година. Тој не само што ги примени своите вештини на трансфер пазарот, туку и го донесе Антонио Конте на „Џузепе Меаца“, под чие водство „нероаѕурите“ го освоија „скудетото“ минатата сезона.

И покрај тоа што минатото лето ги напушти тренерот Конте, директорот Марота успеа да најде квалитетен наследник да го води тимот во Симоне Инзаги.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови