
Ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн е подготвен повторно да се соедини со Маурисио Покетино доколку биде избран за нов менаџер на Манчестер Јунајтед. 28-годишниот напаѓач играше под водство на Покетино во Тотенхем повеќе од пет години, а двајцата изградија силна меѓусебна врска.
Заедно стигнаа до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година.
Аргентинскиот тренер, кој има договор со ПСЖ до јуни 2023 година, моментно е главен фаворит да го замени привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник, на крајот од сезоната и се вели дека сака да го доведе Кејн на „Олд Трафорд“.
Кејн би бил одлично решение и вистински голгетер кој му недостига на Манчестер Јунајтед откако Робин ван Перси постигна 26 гола во последната сезона на Сер Алекс Фергусон. Ниту враќањето на Кристијано Роналдо ова лето не го реши комплетно проблемот со ефикасноста.
Кејн минатото лето беше блиску до трансфер во Манчестер Сити и наводно се договорил со „граѓаните“ за неговите лични услови, но сумата од 160 милиони фунти што ја бараше претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, од 160 милиони фунти за отштета го пропадна трансферот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
