Connect with us

„Милионерите“ без Халанд ќе го пречекаат Глазгов Ренџерс

Напаѓачот Ерлинг Хaланд отпадна од тимот на Борусија Дортмунд за денешниот прв натпревар од плејофот во Лигата на Европа. Тренерот на германскиот клуб Марко Росе изјави дека Норвежанецот постигнал напредок во закрепнувањето од повредата на мускулот, но, сепак, не е доволно подготвен за настап.


Норвежанецот се повреди на гостувањето кај Хофенхајм пред повеќе од три недели и ги пропушти следните два натпревари во Бундес – лигата.

Росе очекува враќање на Халанд за неделниот првенствен натпревар против Борусија Менхенгладбах.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови