Connect with us

ЛШ: Ливерпул го покори Милано, Баерн се спаси од пораз во Салцбург (ВИДЕО)

Англискиот претставник Ливерпул покажа дека и оваа сезона планира да оди далеку во Лигата на шампионите откако победи со 0-2 на гости против Интер во Милано во првиот осминафинален меч. Во отворен меч, со многу шанси, Хакан Чалханоглу ја погоди гредата, но, сепак, Ливерпул во финишот стигна до победата.

Фирмино во 75.минута со фантастичен удар со глава го отвори резултатот, а Мохамед Салах донесе капитална предност пред реваншот на „Енфилд Роуд“.

Баерн Минхен важеше за голем фаворит, но не успеа да слави на гости кај Салцбург. Напротив, едвај се спаси од пораз (1-1) во 90.минута од дуелот со голот на Кингсли Коман.

Салцбург поведе во 21.минута со погодокот на Чиквибуике Адаму. Интересно е дека тој беше резерва, а доби шанса да влезе рано, уште во 12.минута откако го замени Ноа Окафор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови