
Милан се подготвува за живот по Франк Кeси. Договорот на играчот од средниот ред на „росонерите“ истекува на лето, речиси сигурно е дека ќе го напушти „Сан Сиро“, а Барселона е првиот фаворит да го доведе во своите редови.
„Росонерите“ тргнаа во потрага по неговиот наследник и го најдоа во Лил. Според италијанските медиуми, Милан на лето ќе се обиде да го доведе репрезентативецот на Португалија и член на францускиот шампион, Ренато Санчез.
Миланезите му понудија 25 милиони евра на Лил за Ренато Санчез во зимскиот преоден рок, но трансферот пропадна бидејќи немаше доволно време за негова реализација.
Сега Милан има доволно време да го замени Кеси со Санчез. 24-годишниот играч за врска има договор со Лил до 2023 година, но има голема желба да премине во редовите на миланскиот великан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
