Репрезентативецот на Англија и голман на Евертон, Џордан Пикфорд, е под полициска истрага поради тепачка во паб, пренесуваат британските медиуми.
Немилиот инцидент се случил во еден паб во Саут Тајнсајд, кога група луѓе кои излегле таму почнале да се потсмеваат на голманот на Евертон, што ги налутило неговите пријатели.
Не се познати точните детали од тепачката, но се знае дека едното лице со скршен нос излегло од пабот, додека на другото телефонот бил целосно искршен.
Не е познато дали самиот Пикфорд бил актер во тепачката, но јасно е дека се нашол во ситуација која не му одговара и дека од неа може да извлече само лоши последици.
Следниот натпревар Евертон го игра в сабота во Саутемптон и ќе видиме дали тој ќе биде во составот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal