Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен го одигра првиот натпревар по срцевиот удар што го имаше на мечот од ЕП меѓу Данска и Финска на 12 јуни минатата година. Тој шест месеци по најтешките животни мигови повторно игра фудбал и тоа во дресот на англискиот премиерлигаш Брентфорд.
Ериксен играше еден час на пријателскиот натпревар против Саутенд. Брентфорд победи со 3-2, а Ериксен забележа една асистенција и двапати имаше можност да постигне гол, но не ја затресе противничката мрежа. Го стори тоа на својот 30. роденден.
Во периодот на Европското првенство, Ериксен беше член на Интер. Сепак, откако на данскиот фудбалер му беше вграден дефибрилатор, тој веќе автоматски не можеше да биде член на италијанскиот шампион, бидејќи Серија А во ова натпреварување не дозволува да настапуваат фудбалери кои имаат срцеви проблеми.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski