Connect with us

Рангник сака да го доведе Нкунку на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот од средниот ред на Лајпциг, Кристофер Нкунку, објави „ESPN“. Според изворот, менаџерот Ралф Рангник го советувал клубот да се обиде да го доведе 24-годишниот фудбалер.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да го засилат средниот ред со оглед на можното заминување на Пол Погба кој на крајот од сезоната ќе биде слободен агент.

Нкунку оваа сезона за Лајпциг постигна 19 гола и забележа 13 асистенции на 31 натпревар. Неговиот договор со германскиот клуб е до 30 јуни 2024 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови