Connect with us

Анчелоти: Дуелот меѓу ПСЖ и Реал би можел да биде и финале на ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја коментираше претстојната пресметка меѓу „кралевите“ и Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Во вторник навечер Реал му гостува на ПСЖ во првиот дуел од осминафиналето на престижното европско клупско натпреварување.


„Мотивирани сме за утрешниот двобој. Овој дуел е доволно квалитетен за да биде и финале во Лигата на шампионите. Треба да елиминираме ривал кој е меѓу големите претенденти за трофејот“, изјави Анчелоти.

Во минатото беше и на клупата на „светците“, но вели дека не му е лесно на Маурисио Покетино.

„Имам прекрасни спомени од времето во ПСЖ. Ми се допадна да работам таму, имав силна врска со навивачите, ова е еден од најдобрите клубови. Сепак, не е лесно да се справиш со тензијата во овој клуб, Покетино врши одлична работа. Не чувствуваме сериозна тензија пред натпреварот, мотивирани сме максимално и веруваме во успех. Последниот збор за Бензема ќе го имам јас и ако се чувствува добро, јасно е дека мора да игра“, истакна стратегот на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови