Прославениот италијански фудбалер Андреа Пирло не ја започна најдобро тренерската кариера, а наскоро би можел да се врати на работа. Откако го напушти Јувентус, каде што не се прослави минатата сезона, Пирло е без ангажман, но тоа би можело набрзо да се промени.
Откако дури четворица тренери ја одбија поканата на Валтер Сабатини да ја преземат Салернитана, изборот падна на поранешниот играч за врска на Јувентус и Милан.
Стефано Колантуоно, Џенаро Гатузо, Делио Роси и Клаудио Раниери го одбија предлогот на првиот човек на клубот од Салерно да го преземе тимот кој е со една нога во Серија Б.
Сепак, Сабатини би се обидел и со Пирло. Тој му нуди и четиригодишен договор што е знак дека му верува без разлика дали клубот ќе остане во елитата или не.
Салернитана донесе двоцифрен број на играчи оваа зима со надеж дека ќе можат да останат членови на Серија А, но со само 12 бода, девет помалку од Венеција, која е прва над линијата за спас, тоа не изгледа охрабрувачки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal