
Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, ги влоши односите со раководството на клубот и особено со спортскиот директор Леонардо. Причината за ова е ѕвездената летна селекција, по која во клубот беа доведени играчи како Лионел Меси, Серхио Рамос и Џанлуиџи Донарума.
Според француските медиуми, Аргентинецот не само што не сакал ниту еден од тројцата, туку дури и инсистирал на раководството да се намали „пренадуваниот“ тим со ѕвезди кој треба да го води.
Покрај споменатото ѕвездено трио, во ПСЖ беа доведени и Џорџинио Вајналдум, Нуно Мендеш и Ашраф Хакими.
Ова недоразбирање е една од причините зошто Покетино сака да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Аргентинецот сака да се врати во Премиер – лигата и да го преземе Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
