
Арсенал неодамна го загуби Пјер-Емерик Обамејанг, кој замина од „Емирати“ и се пресели на „Камп Ноу“ и стана нов фудбалер на Барселона.
На Арсенал за следната сезона му требаат засилувања во нападот, а според англиските медиуми изборот паднал на фудбалерот на Саутемптон, Албанецот Арманд Број.
Клубот од Лондон сакаше да го доведе Душан Влаховиќ во зимскиот преоден рок, но тој го избра Јувентус. Арсенал немаше алтернатива, па зимава остана без засилувања.
Договорот на капитенот Лаказет истекува следното лето, па сигурно е дека раководството на Арсенал ќе ги фрли сите карти за доведување нов напаѓач, а тоа лесно би можел да биде Броја.
Тој игра одлично оваа сезона за Саутемптон, постигна седум гола и е вистинско откритие во тимот на „светците“ и во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако
