Зинедин Зидан доби важна задача да го „облече“ Ерлинг Халанд во златниот дух на новиот спонзор. Германскиот „Билд“ откри интересна приказна за тоа како Зинедин Зидан лично отпатувал во Германија да се сретне со семејството Халанд и да го убеди напаѓачот на Борусија Дортмунд да стане заштитно лице на „Адидас“.
Тоа била тајна средба, а Зидан како еден од заштитниците на „Адидас“ требало да го убеди Халанд да ја прифати понудата и да се приклучи на неговиот „тим“.
Халанд повеќе не е заштитно лице на „Најк“, од 1 јануари му истече договорот и сега е во потрага по нов спонзор. Секако, мадридските медиуми го искористија ова за да го „преселат“ Халанд во Реал Мадрид, бидејќи сметаат дека „Адидас“ како заеднички спонзор може да има голема улога.
Халанд сака да игра во Шпанија, па не е исклучено „Адидас“ да придонесе за конечната одлука. Зидан на тој начин би завршил одлична работа за својот поранешен клуб, иако се шпекулира дека би можел да биде нов тренер на ПСЖ, кој исто така е силно заинтересиран за Норвежанецот.
Наводно, само четири клуба ќе бидат во трка за неговиот потпис – Реал Мадрид, ПСЖ, Барса и Манчестер Сити, а „Адидас“ е спонзор само на „кралевите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal