
Големата пресметка меѓу Италија и Македонија на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо ќе биде пред полни трибини, најавуваат италијанските медиуми. Иако оваа одлука се уште не е официјално донесена, се претпоставува дека здравствените власти во Италија ќе дозволат, во интерес на националниот тим, максимална исполнетост на трибините.
Тоа ќе биде првпат по пауза од две години на Апенините да биде дозволен максимален капацитет на фудбалски стадион. Познато е дека имаше силни рестрикции, а во одредени периоди и целосна забрана за посета на стадионите поради пандемијата на Ковид-19.

Италија полека ги олабавува мерките, а според најавите од следниот викенд ќе треба да биде дозволено присуство на 75% од капацитетот на стадионите. Оваа мерка би требало да важи до април, а прв исклучок сепак ќе биде натпреварот меѓу Италија и Македонија, полуфинален бараж за пласман на Светското првенство во Катар.
Според планот на владата и на здравствените власти во Италија, од почетокот на април треба да биде дозволен максимален капацитет на сите спортски објекти на Апенините.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
