
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети истакна дека главна цел за тимот е пласман во топ 4 на табелата во Серија А, но призна дека победата на денешната пресметка со Интер ќе го доближи тимот до следната цел – шампионската титула.
„Добро е да се нагласи дека нашата цел беше да завршиме во топ 4 и да се пласираме во Лигата на шампионите. Знаеме дека ако победиме на овој натпревар ќе се катапултираме кон следната цел. Кога имавме потешкотии, успевавме да останеме фокусирани на она што треба да го направиме. Нема да барам лична одмазда против Интер. Ќе играме само за победа. Дали ќе игра Калиду Кулибали? Лесно ми е – што и да одлучам, ќе биде правилно“, изјави Лучијано Спалети.
Елиф Елмас и соиграчите денеска од 18 часот на стадионот „Диего Марадона“ ќе го пречекаат шампионот Интер во дербито на колото. Во моментот, Интер има бод предност пред Наполи на врвот на табелата, но и еден одигран меч помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
