
Менаџерот на Челси, Томас Тухел, пристигна во Абу Даби и утре најверојатно ќе го води тимот во финалето на Светското клупско првенство против Палмеирас.
Германецот минатата сабота беше позитивен на коронавирус и ги пропушти натпреварите на „сините“ против Плимут во ФА Купот и против Ал-Хилал во полуфиналето од СКП.
Челси ќе се обиде да го освои Светското клупско првенство за првпат во својата историја. Во полуфиналето тимот го совлада Ал-Хилал со 1-0, со голот на Ромелу Лукаку.
Лондончани во битката за трофејот ќе можат да сметаат на Едуард Менди. Голманот се приклучи на тимот по триумфот со Сенегал во Африканскиот куп на нации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
