
Голманот на Челси, Кепа Аризабалага, би можел да ја промени средината претстојното лето, пишуваат британските медиуми.
Кога тој се пресели од Атлетик Билбао во Челси за 71 милион фунти, се чинеше дека „сините“ се обезбедија најмалку една деценија на позицијата меѓу стативите. Сепак, неговите слаби игри, заедно со познатата кавга со Маурицио Сари кога тој одби да ја напушти играта, го натераа раководството на Челси да реагира.
Така, во мандатот на Френк Лампард, пристигна Едуард Менди и го презеде статусот прв голман. На тој начин Кепа падна во втор план, но во последно време се врати во стартниот состав откако Менди беше дел од репрезентацијата на Сенегал на Африканскиот куп на нации.
За тоа време Кепа блескаше, истото го прави и на Светското клупско првенство, а Челси би сакал да ја искористи неговата добра форма за претстојното лето да го продаде барем за половина од цената што ја плати за да го доведе во Лондон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
