
Германците се загрижени бидејќи рејтингот на Бундес – лигата се намалува, а првенствата се помалку се неизвесни бидејќи Баерн Минхен гази се пред себе. Сега има идеја да се воведе плејоф со цел да се заостри конкурентноста. Директорот на Баерн, Оливер Кан, отвори дебата на оваа тема.
„Баерн ги поддржува промените, иако сегашниот формат му дозволува да продолжи да доминира во германскиот фудбал. Возбуден сум што мислам на нови модели, како што е плеј-офот во Бундес – лигата. Форматот на полуфинале и финале би значело дополнителна возбуда за навивачите. Во Баерн секогаш сме отворени за нови идеи“, изјави прославениот голман за „Кикер“.
Шефицата на Бундес – лигата Доната Хопфен е расположена за дискусија.
„Нема ништо што е фиксно и вечно. Баерн Минхен беше шампион на Германија од 2013 до 2021 година, а постојат сите шанси да ја продолжи доминацијата и оваа сезона. Можеби се потребни одредени промени“, изјави Хопфен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
