Connect with us

Покетино: Се надевам дека Мбапе ќе остане во ПСЖ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино изрази надеж дека Килијан Мбапе ќе остане во клубот и во иднина. Буквално сите светски спортски медиуми пишуваат за понатамошниот чекор на Килијан Мбапе, играч за кој се верува дека ќе доминира во следната деценија.


Во најава е неговиот трансфер во Реал Мадрид следното лето, а одлуката треба да ја соопшти по дуелот помеѓу Пари Сен Жермен и „кралскиот клуб“ во Лигата на шампионите.

Стратегот на „светците“, Маурисио Покетино, се надева дека Килијан Мбапе ќе остане во главниот град на Франција до крајот на кариерата, но впечаток е дека тоа нема да биде така.

„Се надевам дека Килијан ќе остане во ПСЖ цела кариера. Би било добро да потпише нов договор со клубот. Се надеваме дека е така. За мене Килијан е еден од петте најдобри во светот”, изјави аргентинскиот стратег.

Реал Мадрид го сакаше минатото лето, понудија 200 милиони за играч на кој во тој момент му истекуваше договорот за една година, но парижаните и тоа го одбија. Сепак, се чини дека неговото заминување е неизбежно.

„Мбапе ќе ја донесе својата одлука по мечот во Лигата на шампионите меѓу двата тима. Знам дека Килијан ќе има целосен фокус за ПСЖ. Го почитуваме, негово е да одлучи за неговата иднина“, изјави Покетино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови