
Американскиот играч за врска Вестон МекКени му се приклучи на Јувентус во летото 2020 година од Шалке. Минатата сезона ја мина како позајмен во тимот од Гелзенкирхен, а од оваа сезона тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, му дава повеќе простор за игра.
Американецот во досегашниот дел од сезоната во дресот на торинскиот клуб настапи на вкупно 24 натпревари во сите натпреварувања, а четири пати успеа да се запише во листата на стрелците.
Иако е стандарден во тимот и нема проблеми со минутажата, овој 23-годишен фудбалер од Тексас даде многу интересна изјава во која кажа една многу сурова, ако не и најсуровата, вистина кога е фудбалот во прашање.
„Што научив во Јувентус? Научив дека фудбалот е голем бизнис и дека можат да те заменат многу лесно, исто како и што те донеле во клубот“, изјави МекКени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal