Манчестер Јунајтед потврди дека навивачите ќе можат бесплатно да ги заменат своите дресови со името на Мејсон Гринвуд. Клубот во понеделникот од својата онлајн продавница ја отстрани целата опрема поврзана со напаѓачот, а дел од навивачите ги вратија дресовите во мегапродавницата на стадионот „Олд Трафорд“.
Компанијата „Најк“ го суспендираше спонзорскиот договор со Гринвуд, додека спонзорот на Јунајтед на дресовите „TeamViever“ вели дека „внимателно го следи развојот на настаните“.
Полицијата вчера со кауција го ослободи Мејсон Гринвуд „до понатамошна истрага“ откако беше уапсен под сомнение за силување, сексуален напад и смртни закани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













