Connect with us

„CaizCoin“ со криптовалути ќе спонзорира српски клуб

Швајцарската компанија „CaizCoin“, која тргува со истоимената криптовалута, одлучи да инвестира пари во српскиот прволигаш Нови Пазар, откриваат српските медиуми. Неофицијално, клубот на име спонзорство ќе добие повеќе од 200.000 евра.


„CaizCoin“ е веќе присутен во фудбалските води на речиси сите меридијани. Станува збор за компанија која ја спонзорира шпанската Ла Лига, Бундес – лигата, турската Суперлига, а сега компанијата донесе одлука да го освојува и балканскиот пазар.

„CaizCoin“ веќе е спонзор на сараевски Железничар, а Нови Пазар е избран во Србија.

Фудбалскиот клуб Нови Пазар ќе го смени и ребрендира името на стадионот поради големата инвестиција на „CaizCoin“. Договорот е потпишан до крајот на натпреварувачката година, но автоматски ќе биде продолжен и зголемен за следната сезона со еден услов – Нови Пазар да избере опстанок во Суперлигата на Србија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови