Потписот на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд е еден од најпосакуваните за европските фудбалски гиганти. Но, и не само за нив, туку и за компаниите за спортска опрема.
Напаѓачот на Борусија Дортмунд досега беше рекламно лице на „Најк“, но договорот на 21-годишниот играч истече на крајот на јануари. Сега е слободен за преговори за нов договор, а во игра сериозно влегува и „Пума“.
Двете врвни спортски компании се подготвени да му дадат договор вреде 50 милиони евра за да ги носи нивните копачки во наредните пет години. Преговорите ги води неговиот агент Мино Раиола.
Норвешкиот репрезентативец го потпиша својот прв договор со „Најк“ кога беше дел од Салцбург. Тој договор вредеше околу еден милион евра, но оттогаш тој измина долг пат и сега има многу поголема вредност.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













