Connect with us

Десетте најголеми трансфери во зимскиот преоден рок

Зимскиот преоден рок заврши, Килијан Мбапе остана во Пари Сен Жермен, Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд, а најголемиот трансфер остана Душан Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус.


Влаховиќ потпиша петгодишен договор, а сумата, 70 милиони евра што Јувентус ја издвои за него стана рекордно висока сума платена за играч од поранешна Југославија.

Второто место на листата на најскапи трансфери во овој преоден рок го зазема Феран Торес, десното крило на Манчестер Сити и шпански репрезентативец, кој дојде во Барселона. Фиксното обештетување е 55 милиони евра, а Барселона ќе го исплати на Манчестер Сити на четири рати, од кои првата следното лето. Во договорот има и четири клаузули кои можат да ја зголемат вкупната сума на трансфери на 65 милиони евра.

Третата најголема сума ја потроши Ливерпул за доведување на Луис Дијаз. Колумбискиот репрезентативец беше на репрезентативна акција кога Јирген Клоп итно испрати клупска делегација во Јужна Америка за да го „украде“ пред Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Тој беше платен 45 милиони евра.

Три милиони евра помалку за Бруно Гимараеш издвои Њукасл, единствениот клуб кој има двајца играчи во десетте најскапи трансфери во јануари. По заминувањето од Лион, тој потпиша договор со новиот клуб до лето 2026 година. Околу 30 милиони евра издвои Њукасл за трансферот на новозеландскиот напаѓач на Барнли, Крис Вуд, колку и Астон Вила за Лукас Дињ.

Евертон го доведе украинскиот лев бек Виталиј Миколенко за 23,5 милиони евра, а руски Зенит за 20 милиони бразилскиот напаѓач Јуриј Алберт. Топ 10 се затвора со два трансфери од Англија – Родриго Бентанкур пристигна во Тотенхем од Јувентус за 19 милиони евра, а Хулијан Алварез во Манчестер Сити од Ривера за два милиони помалку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови