Connect with us

Нојер уште три години во Баерн Минхен

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, ќе добие нов договор со германскиот шампион, а клубот ќе се раздели со другиот голман, Александар Нибел.


Според „Скај Спортс“, Нојер ќе потпише нов тригодишен договор со Баерн и со тоа сигурно ќе ја заврши кариерата во Минхен, а во тој случај Нибел повеќе нема да има место на „Алијанц Арена“.

Нибел дојде во Баерн во летото 2020 година по истекот на договорот со Шалке. Веќе во дебитантската сезона не дојде до израз, собра само пет настапи, а во актуелната е на позајмица во Монако, која истекува дури во летото 2023 година.

Неговиот договор со Баерн трае до 2025 година, но за него веќе нема место во Минхен.

Баерн Минхен оваа недела го продолжи договорот со Кингсли Коман, а на пат е да го стори тоа и со Серж Гнабри, додека се преговара со Никлас Суле.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови