Милан обезбеди четвртфинале во Купот на Италија дури по продолженија против Џенова откако ја совлада со 3-1 во осминафиналето и сега ќе го чека противникот од дуелот Лацио – Удинезе во следната рунда од ова натпреварување.
Рафаел Леао ја најави победата за комплетен пресврт откако Оливие Жиру обезбеди продолженија на 16 минути пред крајот на регуларните 90 минути.
Салемакерс во 112. минута го потврди триумфот на „росонерите“ за конечни 3-1.
Македонскиот интернационалец Горан Пандев одифра триесетина минути, цели продолженија откако влезе во игра на три минути пред крајот на регуларниот тек.
Наполи загуби од Фиорентина со 2-5. Елиф Елмас одигра цел меч, а Венути, Пјонтек и Малех во продоленијата постигнаа за триумф на „виолетовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













