
Денес (15.12.2021) почина Ванчо Георгиевски-Сурла, поранешен претседател на ФК Балкан Стококомерц.
Под негово раководство клубот мина четири ранга на натпреварување за четири сезони. Од Втората македонска-запад, преку Првата МФЛ, стигна до Третата сојузна лига – Исток, па до Втората сојузна југословенска лига (сезона 1991/992).
Тоа беа златни времиња на “Тајфунот од Чаир” под претседателската палка на Ванчо Георгиевски.
Ги сакаше фудбалерите, го сакаа и почитуваа и тие него. Имаше цврста рака и вредни соработници во управата, добар тренерски кадар, финансиска конструкција за успеси во тоа време…
Беше и кандидат за потпреседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија на првите избори во самостојна држава Република Македонија.
Беше редовен гостин на предновогодишните средби на фудбалерите, управата и спортските новинари кои беа дел од најуспешната деценија во 100 годишната историја на Балкан во периодот 1988-1998 година …
Погребните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје, утре (16.12.2021) од 13 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
