Пелистер е последниот патник во полуфиналето на Купот на Македонија откако по изведување пенали го совлада вечниот ривал Вардар со 3-2. Во регуларниот тек мечот заврши без голови, а „пелистерци“ беа подобри пеналџии.
Филип Петковски на почетокот го надмудри Трајчевски, но и Алпај Јусуф беше прецизен. Во втората серија за Вардар погоди Никола Ристески, а Христијан Вецески не успеа да реализира и шутираше над голот.
Но, и Филип Трајчевски го одбрани пеналот на Дарко Глишиќ, а Јакуп Бериша израмни на 2-2.
Трајче Стојковски беше неуспешен за Вардар во четвртата серија, а Борче Маневски погоди за предност на Пелистер.
На крајот, Филип Трајчевски го одбрани ударот и на Дејан Блажевски, со што го трасираше патот на „пелистерци“ меѓу четирите најдобри екипи во најмасовното фудбалско натпреварување. Покрај Пелистер, во полуфиналето се и екипите на Струга Трим Лум, Македонија ЃП и Силекс.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski