
Јувентус оствари рутинска победа над Џенова (2-0), а аплаузите на овој меч ги собра голманот на гостите Салваторе Сиригу. Тој имаше неколку фантастични интервенции и ги излуде напаѓачите на „старата дама“.
Но, за почеток во деветтата минута прими гол директно од корнер. Го изведе Хуан Квадрадо, а топката доби опасно движење и заврши во мрежата на Џенова.
Дибала, Мората, Квадрадо, Бернардески имаа неколку изгледни шанси, но Сиригу беше несовладлив. Сепак, не можеше да стори ништо по шутот на Пауло Дибала во 82.минута од мечот.
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев одигра половина час, доби шанса во второто полувреме, но немаше шут кон голот на Шчешни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
