
Шкендија со судни маки успеа да стигне до триумф (2-1) и три бода против Пелистер во Тетово. Во финишот Јан Кривак со удар со глава ја затресе мрежата на битолскиот тим и направи пресврт, а при прославата можеа да „загинат“ неколку фудбалери на домашниот тим.
Кривак и соиграчите отидоа да го прослават голот со своите навивачи, но од трибините беше фрлена петарда која експлодираше во непосредна близина на фудбалерите. Двајца паднаа на земја и им беше потребна лекарска помош, а сите се надеваат дека тоа сепак нема да остави поголеми последици. Се чини дека најлошо помина капитенот Егзон Бејтулаи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
