
Јувентус е во најголемата резултатска криза во последните десет години. Иако не е одиграна ниту половина од сезоната во Серија А, „старата дама“ е далеку од освојување на Скудетото, а под знак прашалник е и квалитетот на играчкиот кадар на Масимилијано Алегри.
Италијанските медиуми го објавија списокот на играчи на кои нема да сметаат во Јувентус по зимската пауза и кои практично се наоѓаат на трансфер листата. Целта е да се растовари буџетот и да се соберат пари со нивна продажба за да може да се инвестира во играчи кои треба да донесат нов квалитет.
Отпишани се Дејан Кулушевски, Адриен Рабио, Арон Ремзи и Артур Мело. Тоа се играчи кои навистина не се вклопуваат во системот на Алегри.
Ремзи и Артур практично не играат, додека Рабио добива можност, пред се поради послабата конкуренција. Кулушевски кој беше платен дури 35 милиони евра не ја оправда инвестицијата и почна да игра благодарение на повредата на Федерико Киеза.
Јувентус заостанува 12 бода од првото место и сега дури и пласманот во Лигата на шампионите на крајот од сезоната може да се смета за успех.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мохамед Кудус пред трансфер во Тотенхем

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
