
Германскиот стратег Јирген Клоп е свесен дека неговиот тим Ливерпул ќе има многу тешка задача во продолжението од натпреварувањето во Премиер – лигата. Познато е дека англиските клубови не знаат за пауза во декември, а распоредот е особено густ после Божиќ. Така Ливерпул годинава ќе одигра дури девет натпревари за еден месец, а Германецот смета дека толку згуснатиот распоред е чиста лудост.
„Навикнати сме на напорен распоред. Ќе видиме што ќе се случи кон средината на декември или крајот на месецот, но полемиката околу тоа продолжува. Ова е лудило. Отсекогаш било лудило и ќе биде лудило. Во ред е додека не дојде Божиќ. Ова е традиција, разбирам се, но на крајот на декември доаѓаат тешки времиња“, изјави загрижениот Клоп.
Ливерпул во моментов е третопласиран на табелата во Премиер – лигата со заостанување од два бода во однос на првопласираниот Челси, а следниот месец може да биде клучен во борбата за титулата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
