
Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос, ќе го пропушти утрешниот натпревар против Ленс од 17. коло од Лига 1. Поради проблеми со повреди, искусниот Шпанец одигра само еден натпревар за „светците“, дебитираше на 28 ноември за ПСЖ, но потоа беше надвор од тимот на дуелот со Ница.
Тренерот Маурисио Покетино отсуството го објасни со зборовите дека Рамос е уморен, а сега од клубот најавија дека товарот мора да се прилагоди на мускулниот замор поради продолжението на натпреварувањето.
Од тие причини, 35-годишникот го пропушта гостувањето на северот на Франција, а кога ќе се врати на теренот останува нејасно.
Фудбалерите на ПСЖ на овој натпревар влегуваат од првата позиција со 41 бод, дури 12 повеќе од второпласираниот Олимпик Марсеј.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
