
Звучи неверојатно, но ако пишува „Марка“, тогаш има барем малку вистина. Еден Азар добил понуда да се врати во Белгија и да заигра за второлигашот Вестерло чиј член е Македонецот Ердон Даци. Токму со него би можел да заигра во тандем во шпицот на нападот?!
Еден Азар во летото 2019 година стана најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид откако го донесе од Челси за 115 милиони евра. Беше толку многу платен затоа што важеше за наследник на Кристијано Роналдо,
Две и пол години подоцна, неговата вредност е шестпати помала. Не игра поради повреди, лоша форма и вишок килограми. Од доаѓањето во Реал одигра само 54 натпревари. Веќе никој не се сеќава на суперѕвездата која требаше да го носи Реал, бидејќи на левото крило, што е позицијата на Азар, брилијантно игра десет години помладиот Винисиус Жуниор.
Не е тајна дека Реал веќе некое време сака да се ослободи од прескапиот Азар, но невозможно е да се најде купувач за играч кој толку паднал, но сепак има висока плата и кој за еден месец ќе наполни 31 година.
Но, се огласи белгискиот второлигаш Вестерло. „Марка“ пишува дека спас за Азар и Реал може да дојде од „нереална понуда“ која доаѓа од татковината до паднатиот белгиски ас. Поточно од Вестерло, тамошниот второлигаш.
Сопственикот на клубот, турскиот бизнисмен Октај Ерџан, инвестира многу за да влезе во првата лига на Белгија, а неговиот потпретседател Хасан Четинкаја изјави:
„Можам да кажам дека Еден и јас сме пријатели. Кога играше за Лил ми вети дека еден ден би играл за Фенербахче. Вестерло можеби изгледа малку потежок предизвик, но зошто да не ја заврши кариерата тука?“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мохамед Кудус пред трансфер во Тотенхем

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
