Италијанецот Џенаро Гатузо се уште чека тренерска работа по заминувањето од клупата на Наполи. Легендарниот фудбалер на Милан се поврзуваше со клупата на Гоазгов Ренџерс, но и со некои клубови во Англија, а најновите информации говорат дека Гатузо би можел да биде селектор на фудбалската селекција на нашиот јужен сосед.
Грција сака да го освежи стручниот штаб пред новиот циклус на Лигата на нации, но и квалификацискиот циклус за ЕВРО 2024, па го гледаат Гатузо како сериозен кандидат за нов селектор на националниот тим.
Гатузо тренерската кариера ја започна во 2013 година во Сион, а потоа продолжи во Палермо. Ги водеше и Пиза, Милан и Наполи.
Тој има контакти со грчкиот фудбал со оглед дека во 2014 година кратко време беше тренер на ОФИ Крит, па преземањето на грчката репрезентација и не би му било толку непознато.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski