
Државното обвинителство во Италија треба да ја сослуша португалската ѕвезда Кристијано Роналдо во истрагата против Јувентус и неговите челници. Тој набрзо ќе биде повикан на распит во Торино.
Јувентус во последните денови повторно е осомничен за сторени голем број кривични дела лажно рекламирање на трансакции и непостоечки трансакции на раководството на клубот, поточно на раководителите на деловните, финансиските и спортските сектори на Јувентус.
Андреа Ањели, Павел Недвед, Фабио Паратичи и други сегашни и поранешни директори на Јувентус се под истрага, во која е поврзан и Кристијано Роналдо.
Португалецот не е обвинет за незаконски дејствија, но ќе биде вклучен во истрагата како обвинет поради „тајниот договор“ што го имал со Јувентус, открива „Газета дело спорт“.
Според италијански извори, постои снимка од телефонски разговор на кој директорите на Јувентус зборуваат за „документ кој не треба да постои“. Тој фантомски документ се уште не е пронајден и покрај напорите на обвинителството кое ги доведува во прашање клупските директори и договорот на Роналдо со Јувентус.
Поранешниот напаѓач на клубот, сега член на Манчестер Јунајтед, поради тоа би можел да биде повикан на распит за да се утврди за што точно се работи.
Роналдо од 2018 година до август годинава за Јувентус одигра 134 натпревари со ефект од 101 гол и 22 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
