
Веста на денот е прекрасна и вели дека данскиот фудбалер Кристијан Ериксен повторно тренира. После 173 дена од шокантниот настан на ЕВРО кога колабира на теренот за време на мечот Данска – Финска, тој почна да тренира.
Тогаш лекарите одвај му го спасија животот, а на Данецот му беше вграден дефибрилатор поради што не смее да игра во Италија, иако се уште е под договор со Интер.
Тој следната сезона би можел да се врати во Ајакс, а првите тренинг чекори по долгата пауза ги направи со персонален тренер во базата на Одензе.
Ериксен ја стартуваше кариерата токму во Одензе, а потоа се пресели во Ајакс. Играше и за Тотенхем и за Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
