
Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани сака да го напушти Манчестер Јунајтед бидејќи не е задоволен од минутажата што ја има. 34-годишниот Уругваец минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“ како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ.
Минатата сезона имаше многу подобра минутажа од оваа, а тоа го оправда на теренот бидејќи одигра неколку одлични партии. Кавани минатата сезона постигна дури 17 гола на 39 натпревари и се покажа како големо засилување.
Сепак, откако Кристијано Роналдо се врати во клубот ова лето, го загуби првотимскиот статус и неговата минутажа е драстично помала од минатата сезона.
Уругваецот во досегашниот дел од сезоната одигра само осум натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне само еден гол. Затоа се погласни се гласините дека Кавани сака што поскоро да го напушти Јунајтед. Тој има соработка со „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната, но неговата цел е да се обиде да го напушти клубот во јануари.
Наводно, Кавани веќе одлучил кариерата да ја продолжи во Барселона и има договор со Каталонците, па единствено прашање е дали во јануари ќе пристигне во овој клуб или само на крајот на сезоната кога му истекува договорот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мохамед Кудус пред трансфер во Тотенхем

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
