Динамо Загреб синоќа доживеа елиминација во четвртфиналето на Купот на Хрватска откако на „Максимир“ загуби од Ријека со 1-2, а тоа беше последен натпревар за Дамир Крзнар како шеф на стручниот штаб. Тој поднесе оставка на функцијата, а веќе денеска за нов тренер е именуван Жељко Копиќ, досегашниот координатор на младинската школа и тренер на Б-тимот на Динамо.
Тој ќе биде новиот тренер на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
„Сите што добро ме познаваат знаат дека секогаш се вложувам максимално во работата и колективот секогаш го ставам пред моите желби и очекувања. Бев тренер на Хајдук, но сега сум во Динамо Загреб и имам огромен мотив за работа. Се надевам дека ќе ги исполниме очекувањата на раководството и ќе го вратиме тимот, кој несомнено има голем квалитет, во вистински правец“, изјави Жељко Копиќ на прес-конференцијата.
Тој ќе го има своето деби токму на дербито против Хајдук Сплит.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед и Интер во трка за Адејеми
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













